Александар Милиќ Мили се почести со вила и јахта во Турција, а за нив издвоил 1 500 000 евра, пишува курир.рс
Композиторот и лидерот на „Милиграм“ моментално се одмара во куќата која ја купил во летувалиштето Гоџек, а прва сосетка му е пејачката Емина Јаховиќ.
Александар заедно со семејството ужива во новата куќа во Турција за која издвоил околу 900 000 евра
Композиторот и новиот директор на „Гранд“ паметно ги инвестирал заработените пари.
Како што пишува курир.рс, Мили со помош на Емина Јаховиќ ангажирал агенција за недвижности, па со сопругата Нина разгледале неколку вили.
Новата куќа на Мили се наоѓа во близина на морето, но и во близина на центарот на градот. Емина Јаховиќ му е сосетка на Мили, па претходното лето поминувале доста време заедно.
Исто така, Мили купил и јахта за која издвоил 600 000 евра, а на социјалните мрежи знае често да сподели како крстари.