„Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за РМ. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури.
На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски. Покрај тоа што е музички лидер на етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти во државата Александар Јовевски со овој нов проект допринесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон.
На концертот ќе има специјални гости а тоа се етно составот „Монистра“ , еден од најетаблираните етно групи во Македонија , амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во светот и гудачки квартет. Повелете на 19-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20 часот заедно да уживаме во македонската музика создадена од виртуозот Александар Јовевски и „од колено на колено“ да си ја зачуваме македонската традиција и култура.
Билети за концертот може да обезбедите онлајн преку продажната мрежа на Купи Карти За Се , www.kupikartizase.com (online или физички во продажни места).