Радио Милева „гранд“ копродукција

Александар Јосифовски снима во студио: Стиховите за новата песна на најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“ ги напиша водителката на „Гранд“ (ВИДЕО)

Александар Јосифовски снима во студио: Стиховите за новата песна на најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“ ги напиша водителката на „Гранд“ (ВИДЕО)

 Во моментов најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“, охриѓанецот Александар Јосифовски наскоро планира да ја изненади публиката со нова песна, чиј лајтмотив ќе ги освои сите дами.

Имено, Александар напорно работи на подготовка на нова песна, а во пишувањето на текстот му помогна згодната и шармантна водителката на „Гранд“.

„Подготвувам нешто ново, песна од македонското музичко поднебје напишана од познатиот композитор Григор Копров. Текстот е делумно мој, а дел од текстот го напиша мојата драга пријателка, водителката на „Гранд парада“ – Сања Ќулибрк, која се потруди со сите сили да и даде личен печат на новата песна“ – вели Александар и открива за што ќе пее во новата песна:

 

„Песната ќе покаже како може да изгледа секоја љубов кон жената“ – кусо кажа охридскиот рокер, не откривајќи многу детали.

Инаку, Александар Јосифовски неодамна го објави дуетот што го сними со колешката Белма Хусеинефендиќ, а песната за многумина беше големо изненадување. Дуетската песна наречена „Воли ме ко себе“, како и видеото снимено во Охрид, наиде на лавина позитивни реакции.

„Тоа ќе ме прогонува цел живот, знаев!“ –  низ смеа признал Александар, реагирајќи на коментарите дека се покажал добар домаќин, а сигурно е дека бил и одличен соработник, па  публиката со нетрпение ја очекува неговата нова песна која тој вака ја најави со видео на социјалните мрежи:

Фото: Инстаграм принтскрин/culibrkova_/alexandarjosifovski

 

To top