Алекса Балашевиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии од куќата во Истра.
Алекса на првата фотографија напиша „Наша Истра“ и емотикони од срца и палми, а во втората го сподели погледот од куќата и природата, заедно со описиот:
– Нашиот поглед и рај.
На третата фотографија Алекса позираше пред куќата со базен со ознаката на градот Новоград и песната: „We gonna feel it“.
Секако, Алекса има свој мал рај на земјата да го сподели со своето семејство.
Да потсетиме, познатиот Ѓорѓе Балашевиќ во 2019 година купил вила од 200 метри квадратни во Истра, каде сакал да помине време со своето семејство, за што платил околу 400.000 евра.
– За се е крив мојот пријател Зола, тоа морам да го кажам. Тој ден донесе весник со прекрасен пејзаж. Ајде да одиме во Истра, рече, таму живеат самовили… Е, далеку е… Ама кога живеат, тие самите се криви… И еве сме. – велеше Ѓоле.
фото:Инстаграм принскрин