Пејачката и актерката Џенифер Лопез повторно кажа „да“ на нејзиниот партнер, некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез.
Пред неколку месеци, поранешниот спортист ја запроси Џенифер на Бахамите и тоа со прстен од милион долари.
Изгледа тоа не било доволно, па Алекс одлучи повторно да ја побара Џенифер за сопруга.
Родригез на својот „Инстаграм“ објави видео на кое тој и Џенифер вежбаат во теретана, а тој ја прашува дали сака да се омажи за него.
За потсетување, Алекс Родригез од претходнот брак со Синтија Куртис има две деца, додека Џенифер во брак беше трипати, а од љубовта со Марк Ентони има две деца.