Радио Милева
„бурно минато за поубава иднина...

Алекс Николиќ направила целосен телесен ремонт: Ријалити старлетата по „депресијата“ од бурното и трауматично минато со убиениот наркобос Жила, речиси го сменила личниот опис (ФОТО)

Алекс Николиќ направила целосен телесен ремонт: Ријалити старлетата по „депресијата“ од бурното и трауматично минато со убиениот  наркобос Жила, речиси го сменила личниот опис (ФОТО)

Атрактивната ријалити ѕвезда Александра Николиќ која е и поранешна девојка на убиениот скопски наркобос Јетон Кривањева викан Жила, речиси си го има сменето личниот опис.

Откако влегла во реалното шоу „Задруга“ и заработила некое евро,  направила целосен телесен ремонт, пишуваат српските медиуми.

Таа додека била во врска со Жила, живеела во Скопје и работела како хостеса во еден ноќен клуб, (иако српските портали тврдат  дека била танчарка),  била сосема природна и без ниту една пластична операција на себе.

Според фотографииите кои ги има објавено на нејзиниот Инстаграм профил во 2020 година од Скопје, Алекс имала  темно-костенлива коса и без ниту една корекција на лицето или телото.

Во тоа време, како што пишуваат медиумите била во врска со наркобосот Жила кој по година и половина ја претепал и ја испратил дома во Белград.

По ова, на нејзиниот профил може да се забележи трансформација која ја направила на себе.

Прво, станала русокоса, а потоа ги истетовирала веѓите, ги средила забите, но и ги зголемила усните.

На крајот таа за да го заборави бурното и турбулентно минато од  дотогаш омилените македонски градови, Скопје и Охрид, како и од поранешното момче кое и се заканило дека ќе објави и домашно видео со експлицитни сцени од неа, ги зголемила градите.

Фото: Инстаграм принтскрин/alex_mima

Останати вести од Радио Милева