По Саше Љолес и Пеце од „Суперхикс“ односно ВИС „Рисови“ и нивната официјална навивачка химна за Македонија на ЕУРО 2020 насловена: „Одиме на Европско првенство“, ,се појавија ДНК и дел од македонската естрада со нивната „Македонија на Европско“, а сега еве ја и третата навивачка песна за неполн месец.
Невена, Наум и Калина Нешкоски создадоа уште една химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која веќе е во Букурешт и ќе настапува на Европското првенство.
„Але, але Македонија“ е дело на ова трио, кое за песната сними и видеоспотво кој се појавува и популарниот македонски камионџија и инстаграмџија, Дарко Влогс.
Музика и продукција се на Невена Нешкоска, стиховите ги напишале Невена Нешкоска, Наум Нешкоски и Калина Нешкоска, додека миксот и мастерингот ги изработила Ребека Марти.