Мегафон

Албумот на Џамбо Агушев прогласен за најдобар според “German Record Critics”

Албумот на Џамбо Агушев прогласен за најдобар според “German Record Critics”

Џамбо Агушев објави на Фејсбук одлична вест. Имено тој со своите фанови ја сподели радоста од добиената награда од Германија. Неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година.

„Многу сум многу среќен, и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која и ја презентираме низ целиот свет. Мојот албум е повторно награден со престижната награда на „German Record Critics“ како најдобар албум на светот. 2020. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар!“, напиша Агушев на својот профил на Фејсбук.

To top