Албанската претставничка на Евровизија, Анџелија Перистери настапуваше на втората полуфинална вечер на Евровизија, а сите забележаа дека има ист стајлинг како Јелена Карлеуша во 2016 година.
Анџелија и нејзините креатори се одлучија за сребрен костим сличен како оној на српската пејачка.
Јелена таков стајлинг имаше во 2016 година кога беше гост на концертот на Саша Матиќ.
„Анџелија костимот веќе ти е виден кај Јелена Карлеуша“, „Албанката ја ископира Јелена Карлеуша“, „Кога ја видов оваа Албанка само во глава ми се појави Јелена Карлеуша“, се само некои од коментарите.
Исто така, пред некој ден регионалните медиуми пишуваа дека албанската претставничка на Евровизија ја ископирала и фолк ѕвездата Лепа Брена.
Перистери се појави на еден од фестивалските настани со иста црвена тока каква што Лепа Брена носеше на церемонијата на доделување на ланските MAC 2020 награди во Белград.