Поп пејачката со албанско потекло Рита Ора (32) уште еднаш го шокираше светот со своето однесување, односно изглед.
Во Британија им беше доделена статуетка на најдобро облечените жени од светот на шоу-бизнисот, а иронијата беше што Рита токму на доделувањето на „British Fashion Awards“ носеше црвени танга гаќички и проѕирен црвен фустан, ако воопшто може така да се нарече провидната мрежа налик на неа под која се’ буквално се гледа.
И покрај намерата да изгледа интересно, згодно и предизвикувачко, следбениците на Рита и испратија само негативни коментари.
Некои ја советуваа да се здебели „затоа што изгледа морничаво“, други прашуваа „зошто се уништува себеси со ваквото однесување“, а други ја советуваа „да оди да се лечи“…
Зашто на најпрестижниот моден настан кој доделува токму награди за најдобро облечени во светот на шоубизнисот, Рита Ора дојде буквално по гаќички!
Фото: Инстаграм принтскрин/ritaora