Дарко Лазиќ, наводно, поминува низ тешка психичка криза додека закрепнува од тешките повреди здобиени од сообраќајката која ја доживеа пред околу еден месец.
Како што пренесува српски Курир, Дарко пред некоја ноќ ја викал се уште својата законска сопруга Ана Севиќ, а потоа ја колнел, а ја споменува и сегашната девојка Марина.
Поради психичката криза, Дарко наводно често е во бунило и не е свесен што зборува, па испушта крици кои покажуваат дека му се помешани чувствата и е збркан.
Наводно, повеќепати го изговарал името на својата мајка, неговата ќерка Лорена, да во следниот миг веќе зборува лоши работи за неа.
-Во еден момент плачеше и викаше на цел глас. Болницата ечеше, а медицинските личности не можеа да го смират. Свесни се дека е во криза и дека такви нешта доживува поради тоа. На цел глас ја викаше Ана и плачеше. Во еден момент ја смени приказната. Изговараше тешки работи и ја навредуваше. Подоцна ја викаше Марина, но во добар контекст. Пациентите ги пробуди од врескањето, кое нималку не беше пријатно – открива извор од КБЦ Земун за српски Курир.