Радио Милева
принова

Ал Пачино доби дете со неговата 54 години помлада девојка Нур (фото)

Ал Пачино доби дете со неговата 54 години помлада девојка Нур (фото)

Познатиот актер Ал Пачино доби четврто дете со неговата девојка Нур Алфал, која е 54 години помлада од него. Веста дека се породила ја потврдила Нур, но не сакала да го открие полот на детето.

Оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, додека 83-годишниот актер веќе има наследници од претходните бракови.

Веста за нејзината бременост го шокираше светот, пред се поради големата разлика во годините, но и покрај разните шпекулации ја придружуваа нивната врска.

Сепак, извори од странските медиуми потврдуваат дека и двајцата се пресреќни и возбудени поради раѓањето на наследникот.

Тие двајца првпат беа видени заедно во април минатата година, а Нур веќе имаше врски со многу постари мажи. Пред Ал Пачино, таа беше во врски со Клинт Иствуд како и Мик Џегер.

„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и тоа беше среќен период за мене“, изјави таа еднаш за врската со Џегер за „Hello“.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева