Џејсон Момоа (42) познат по улогите во „Аквамен“ и „Игра на тронови“ и неговата сопруга, актерката Лиза Бонет (54) од „Шоуто на Козби“ се разведуваат.
Поранешните сопружници во објава на својот Инстаграм профил им објаснија на своите следбеници зошто се решиле на тој чекор.
– Сите сме се промениле во ова трансформациско време. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките промени што се случуваат – започнаа актерите во заедничката објава и продолжија:
– И затоа споделуваме семејни вести за развод. Не го споделуваме затоа што мислиме дека е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да се знае и живее. Се ослободивме еден со друг да бидеме она што учиме да станеме.
– Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Живееме со молитва. Нека победи љубовта – заклучија тие.
Момоа и Лиза се во врска од 2005 година, а заедно имаат две деца, а судбоносното „да“ го кажаа на тајна венчавка во 2017 година.
– На осум години ја видов Лиза на телевизија и реков: „Мамо, сакам да бидам овде“ – се пошегува актерот Момоа во септември 2017 година.
фото: Profimedia/Xavier Collin/Image Press Agency / MEGA / The Mega Agency