Актерот Том Хенкс денес се огласил на својот Инстаграм профил со порака во која им се заблагодарува на луѓето за поддршката која што му ја даваат.
„Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите кои што се загрижени за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за никој да не можеме да заразиме. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме би можело тоа да помине во посериозна болест“ – напишал Хенкс и додал:
„Одиме, ден по ден. Постојат работи кои што сите може да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите од експертите и ќе се грижиме едни за други. И запомнете, без оглед на ситуацијата, нема плачење во бејзбол“ – заклучил тој.
Хенкс изјавил дека тој и Рита биле во Австралија и дека “се чувствувале малку изморени како да имааат некој вид настинка и некои болки во телото“.