Македонскиот актер, пејач, стенд ап комичар… е новиот водител на ТВ магазинот, „Џентлмен Магазин“, кој се емитува секоја среда на МРТ1.
Жарко Димоски е познат по добриот стил и важи за вистински џентлмен. Иако е млад, сепак тој е вистински пример за тоа како треба да изгледа и да се однесува еден вистински џентлмен.
“Чест и задоволство ми е што сум дел од еден ваков проект. Уште кога ми се јавија од продукцијата за соработка, знаев дека овој проект ќе биде вистински погодок за мене. Гледачите може да очекуваат интересни разговори, со вистински џентлмени во наредниот период.” – изјави Жарко Димоски.
Во првата емисија од новиот серијал на „Џентлмен Магазин“, Жарко Димоски на гости го имаше Жарко Димоски. Тет а тет средба со самиот со себе… Погледнете гинтереениот најавен тизер.