Мегафон вистински „цар“

Актерот Владо Дојчиновски контра Шенка Колозова: „Никогаш Северна, секогаш Македонија“! (ВИДЕО)

Актерот Владо Дојчиновски контра Шенка Колозова: „Никогаш Северна, секогаш Македонија“! (ВИДЕО)

Познатиот македонски актер од помладата генерација, познат по својата улога во македонските народни приказни, Владо Дојчиновски на својот официјален Фејсбук профил објави видео, како своевиден одговор на неговата повозрасна колешка Шенка Колозова, која како и некои други познати и јавни личности, завзеде страна по прашањето на претстојниот референдум.

Владо токму во приказните во многу епизоди игра заедно со Шенка, најчесто толкувајќи ја улогата по која нејзиниот покоен сопруг, легендарниот Ѓорѓи Колозов беше прочуен – улогата на царот!

Но очигледно е дека сопругата на покојниот „цар од приказните“ и овој – актуелниот, не размислуваат исто, кога се сопствената земја, родољубието и патриотизмот во прашање.

И додека Шенка отворено агитира „ЗА“ референдум земајќи активна улога во рекламната кампања на владата, Владо во видеото кое го постираше на својот Фејсбук профил најавува дека ќе го бојкотира престојниот референдум за промена на името.

Мене, по мое убедување и пред мене, совеста ќе ми остане чиста, бидејќи нема да бидам дел од прекрстувањето на Македонија. нема да бидам дел од уништувањето на Македонија. Ќе останам со почит кон предците кои се бореле за Македонија. Нема да им го одземам правото на моите деца да растат во земја што се викала Македонија, се вика Македонија и по Божја волја, се надевам, ќе се вика Македонија. Затоа, јас ќе бојкотирам. Никогаш Северна, секогаш Македонија! Да ни живее Македонија. Бојкотирам!“ – порачува актерот Дојчиновски.

Еве го неговото видео обраќање:

To top