Радио Милева

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга се заразени од коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга се заразени од коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачката Рита Вилсон се заразени од коронавирус.

Хенкс на својот „Твитер“ објави соопштение со кое соопшти дека и двајцата се наоѓаат во карантин во Австралија.

Хенкс истакна дека тој и неговата сопруга се наоѓале во Австралија и се чувствувале изморено, како да се настинати и имале болки во телото.

Додаде дека Рита имала треска.

„Тестирани сме на коронавирус и сме позитивни“ изјави Том.

Преку начинот на пишување било јасно дека ова за сопружниците не е лесна вест, но одлучиле одговорно да се постават кон новонастанатата ситуација.

“И, што е следно? Медицинските службеници имаат протоколи кои мора да ги следиме. Ние ќе бидеме тестирани, под надзор и во изолација до кога и да е потребно. Полека ќе прифаќаме сè – ден за ден. Ќе ве известуваме за сè. Чувајте се!”, напишал Хенкс, а неговата објава наишла на поддршка од сите земји во светот.

фото: твитер

To top