Британскиот актер Даниел Редклиф, кој се прослави со улогата на Хари Потер во филмската франшиза заснована на серијата бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк.
Претставник на 33-годишниот актер ја потврди веста за новинската агенција ДПА во саботата.
View this post on Instagram
Редклиф и 38-годишната американска актерка за првпат ќе станат родители, а сопругата на актерот веќе е фотографирана со труднички стомак.
Двојката се запозна на снимањето на филмот „Убиј ги твоите сакани“ во 2013 година.
фото:Инстаграм принтскрин