Радио Милева

Актерот од серијата „Lost“ се излечил од вирусот, но потоа симптомите му се вратиле!

Актерот од серијата „Lost“ се излечил од вирусот, но потоа симптомите му се вратиле!

Даниел де Ким, најпознат по улогата во серијата “Lost”, објавил дека е излечен од коронавирусот 10 дена откако јавно објавил дека е заразен.

“Добрата вест е дека немам повеќе вирус”, рекол во видео-објавата која ја поставил на Инстаграм и во која го опишал своето искуство со болеста.

Иако веќе минатата недела открил дека се чувствува “речиси нормално”, признал дека пред закрепнувањето му се случило нагло влошување.

фото:инстаграм/даниел де ким

“Оваа болест е поинаква од се што досега сум искусил. Откако ми заврши лечењето, се чувствував подобро и поздраво, но изгледа дека бев премногу самоуверен. Кога престанав со лековите, се чувствував многу слабо и уморно. Одненадеж го изгубив чувството за мирис и вкус”, рекол Де Ким.

Иако состојбата му се влошила, грозницата не се вратила.

“Добра вест е дека повеќе немам грозница, но и понатаму се чувствувам лошо. Докторот ми објасни дека тоа се симптоми кои се предизвикани од нешто што се вика поствирусно воспаление, но дека тоа е дел од процесот на закрепнување. Траеше неколку дена со прекини, но слушав дека кај некои луѓе може да трае со недели”, рекол тој.

На крајот успеал да се ослободи од сите симптоми и заклучил дека е “слободен од вирусот” и дека, како што вели, сега може да прави егзотични патувања од дневната соба до кујната.

To top