Радио Милева

Актерот од сагата „Твајлајт“ и неговата девојка се пронајдени мртви – сомнежите се дека починале од дрога

Актерот од сагата „Твајлајт“ и неговата девојка се пронајдени мртви – сомнежите се дека починале од дрога

Актерот од култната сага „Твајлајт“ Грегори Тјури Бојс и неговата девојка Натали Адепуј (27) се пронајдени мртви во стан во Лас Вегас на 13 мај.

Истражните органи сè уште не ја утврдиле причината за смртта, но се сомнева дека тие се предозирале, со оглед дека во станот е пронајдена бела прашкаста материја.

Братучедот на Грегориј ги нашол мртви во станот, кога отишол да ги посети.

фото:принтскрин/јутјуб

Грегори и Натали се забавуваа околу една година. Актерот веќе има ќерка (10), додека Натали има син.

Инаку во популарниот филм Грегори ја играше улогата на пријателот на Бела од училиште.

To top