Норвешкиот актер Кристофер Хивју, попознат како Тортмунд од серијата „Игра на престолот“ е позитивен на коронавирус.
Хивју веста ја објави на својот „Инстаграм“ каде што објави фотографија од неговата куќа во Норвешка, па им прати порака на фановите:
„Поздрав од Норвешка. Жалам што ќе кажам дека позитивно сум тестиран на Ковид-19, коронавирус. Моето семејство и јас сме изолирани дома. Добри сме, имаме само лесни симптоми, напиша Хивју.
Тој е и последната јавна личост која е тестирана на корона.