Радио Милева

Актерот од „Хари Потер“ го чека своето прво дете – ќе му го даде ли името по улогата што го прослави?!

Актерот од „Хари Потер“ го чека своето прво дете – ќе му го даде ли името по улогата што го прослави?!

Руперт Гринт, кој ја толкува улогата на Рон Визли во „Хари Потер“, од 2011. година е во врска со дваесет и осумгодишната Џорџија Грум.

Тие наскоро за прв пат ќе се најдат во улогата на родители, а како што наведуваат странските медиум, актерот побарал јавноста да ја почитува нивната приватност во овој период.

„Руперт и Џорџија се возбудени што очекуваат бебе и ве замолуваат да ја почитувате нивната приватност во овој период“, изјавија нивните претставници за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Potter Fans Spain (@harrypotterfansspain) on

Патем, Руперт, на неговиот триесетти роденден, изрази желба да стане татко, но не знае дали, доколку има син, ќе го крсти по улогата од приказната во серијалот што го прослави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iran Harry Potter (@ir.hp) on

„Тоа е прилично добро име, но веројатно нема да му го дадам“, изјави тој пред тамошните медиуми.

To top