Актерот Пол Џон Васкез, кој се појави во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар на 49 годишна возраст.
Телото на актерот е пронајдено во домот на неговиот татко во Калифорнија во понеделникот вечерта, јавува ТМЗ.
Васкез е пронајден без свест, а иако брзата помош пристигнала брзо, по неуспешниот обид за реанимација, прогласен е за мртов.
Освен во „Синови на анархија“, глумеше и во популарните серии како „Како ја запознав вашата мајка“, „Итна служба“ и „ЦСИ -Њујорк“. Потоа се насочи кон филмот, а гледачите со гледаа во „Ghost Rider“:Spirit of Vengeance и Foreign Land.
„Неговата смрт сите не изненади. Тешко е. Беше драг, грижлив и креативен. Ќе недостига многу, вели личноста од односи за јавноста за Fox News.