Радио Милева сите се со него

Актерот не им се дава на годините и тешката дијагноза: Семејството на Брус Вилис објави видео како го слават неговиот 68-ми роденден (видео)

Актерот не им се дава на годините и тешката дијагноза: Семејството на Брус Вилис објави видео како го слават неговиот 68-ми роденден (видео)

Брус Вилис е снимен како зборува за првпат откако неговото семејство откри дека боледува од деменција, во видео кое покажува како го прославува својот 68-ми роденден.

Вилис не се појавуваше многу во јавноста од објавувањето на дијагнозата, додека неговото семејство ги информираше фановите на актерот за неговата состојба.

Така во неделата неговата поранешна сопруга Деми Мур (60) на социјалните мрежи сподели видео од семејната прослава на роденденот на Брус. Неговата сегашна сопруга Ема и ќерките Румер, Скаут и Талула беа присутни на забавата заедно со уште неколку гости.

На снимката цела група му пееше на актерот, а тој вил видно расположен. Отпеал неколку зборови од песната и ги дувнал свеќите.

To top