Радио Милева со прострелна рана...

Актерот Мозес Џеј Мосли, кој беше дел од популарната серија „Тhe Walking Dead“, пронајден мртов!

Актерот Мозес Џеј Мосли, кој беше дел од популарната серија „Тhe Walking Dead“, пронајден мртов!

Почина актерот Мозес Џеј Мосли. Имаше 32 години, и беше познат по улогата во серијата што бележи голема популарност „Тhe Walking Dead“.

Светските медиуми ја пренесоа дека Mозес бил пронајден мртов во Стокбриџ, град во Џорџија, со прострелна рана, а околностите за неговата смрт уште се под истрага. Од серијата веќе објавија трогателна порака на Твитер профилот.


Неговите роднини изјавиле дека не биле во контакт со актерот од 23. јануари, а неговото исчезнување го пријавиле во полиција во средата.

Актерот е роден во Аикен, Јужна Каролина, во декември 1990. Тој е познат американски актер, писател и модел, а беше дел од ТВ сериите „Queen of the South“ и „Watchmen“.

To top