Актерот Лук Пери, кој сите ќе го паметат по улогата во серијата „Беверли Хилс“, неодамна почина од мозочен удар во својот дом во Лос Анџелес на 52 годишна возраст. Актерот зад себе ги остави синот и ќерката кои ги доби во бракот со поранешната сопруга Рејчел Шарп, а Пери ја имаше и свршеницата Венди Медисон Бауер. Тие во љубовта уживаа цели 11 години.
Како што пишуваат странските медиуми, Лук и Венди имале намера да се венчаат во Лос Анџелес и дека дури ја планирале прославата и почнале да праќаат покани.
-Сакам да изразам благодарност на сите кои пружија љубов и поддршка. Неброените приказни за дарежливоста и добрината на Лук беа најсреќните години во мојот живот и благодарна сум што го имав тоа време со него. Исто така, сакам да се заблагодарам на неговите деца, семејството и пријателите на љубовта и поддршката. Најдовме утеха едни во други, знаејќи дека нашиот живот беше исполнет со овој неверојатен човек. Многу ни недостига- гласеше пораката која свршеницата на Пери ја објави во медиумите по неговата смрт.
Во тестаментот е откриено дека Лук одлучил се она што го стекнал во животот да го остави на своите наследници, синот и ќерката, додека свршеницата остана со празни раце.