Мегафон

Aктерот Драган Јовичиќ почина како последица од коронавирус

Aктерот Драган Јовичиќ почина како последица од коронавирус

Актерот Драган Јовичиќ почина во болница во Сараево, каде неодамна беше лекуван од здравствени компликации предизвикани од коронавирус, пренесуваат медиумите од Босна.

Оваа вест ја потврди и раководството на Камерниот театар 55, чиј долгогодишен член беше и првакот во драмата.

Драган Јовичиќ е роден во Рогатица на 22 ноември 1953 година и беше босански актер во филм и театар. Студиите за глума ги завршил во 1976 година на Катедрата за сценски уметности на Филозофскиот факултет во Сараево.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kamerni teatar 55 Sarajevo (@kamerni_teatar_55) on

Во својата богата кариера, Јовичиќ беше директор на Сараевскиот камерен театар 55 од 2011 до 2015 година. Добитник е на бројни актерски признанија и награди, вклучувајќи ја и „Наградата на шести април“ на градот Сараево за придонес во уметноста на театарот.

To top