Американската актерка Тара Рид била исфрлена од авион кој требало да лета од Лос Анџелес во Њујорк.
Актерката влегла во авион и седнала на место, но сфатила дека нејзиното место не е до прозорецот како што пишувало во картата.
Таа се пожалила на неудобност бидејќи немала перница.
Во официјалното соопштение на авио компанијата пишува дека поради вознимирување на патниците актерката била исфрлена од авионот, додека таа на социјалните мрежи го напиша сосема спротивното.
Таа напиша дека сама го напуштила авионот бидејќи и правиле проблем затоа што има куче со себе. Напиша и дека кучето и е поддршка во текот на летувањето.
Сепак компанијата објави видео.