Познатата српска актерка Мирјана Карановиќ (64) е вистински пример дека годините се само бројка во личната карта и дека состојбата на умот е она што се рефлектира и на телото.
Актерката последните години интензивно работи на своето тело, а сега ги воодушеви обожавателите со новата објава. Тие коментираат дека Карановиќ изгледа фантастично и не само за своите години.
Карановиќ е позната како голем љубител на нудизмот и дека секое лето одбира различни нудистички плажи, а сега покажа и фотографија од една такава плажа, за која многу се крена врева.
Имено, Карановиќ позирала целосно гола, свртена со грб, што во прв план го става нејзиниот добро зачуван задник.
„Лето и слобода! Зајдисонце! Без филтер и фотошоп“ – напишала Карановиќ во описот на фотографијата.
Славната актерка поради оваа фотографија добила низа позитивни коментари, како оние дека е прекрасна и слободна жена, дека е ѕвезда, дека така прават самоуверените жени и слично.
„Прекрасно за гледање“, „Одлично ги носиш своите години“, „Венера“, „Морска сирена“, се само дел од пораките што може да се најдат под оваа нејзина објава.
Фото: Инстаграм принтскрин/mirjanakaranovic