Радио Милева

Актерката која ја гледате во шоуто ТЛЗП му кажа „да“ на саканиот (фото)

Актерката која ја гледате во шоуто ТЛЗП му кажа „да“ на саканиот (фото)

Младата актерка и sвезда од серијата „Фолк“, а исто така и учесник во шоуто „Твоето лице звучи познато“ Катарина Богичевиќ, му кажа „да“ на својот партнер, манекенот Марко Дошљак.

Поточно, Катарина овој викенд отпатува во родната Црна Гора, несвесна дека ќе има најубаво сеќавање од викендот заради изненадувањето што и го подготви саканиот, пренесува српски „Блиц“.

фото:катарина богичевиќ/инстаграм

– Кажав „да“, на човекот од моите соништа денес … Тој е најслаткиот, најсмешниот и најневеројатниот човек што сум го запознала. Тој е мој пријател и стана мојот партнер. Тој е толку луд и симпатичен во исто време.

фото:катарина богичевиќ/инстаграм

Сакам да поминувам време со него и да живееме заедно. Јас сум толку горда што сум негова девојка и ќе бидам уште погорда кога ќе бидам неговата сопруга. Ајде да направиме магија душо – напиша Катарина на Инстаграм.

Актерката, исто така го покажа и веничкиот прстен кој има детелина со четири листови.

фото:катарина богичевиќ/инстаграм

Последниот настап на ТЛЗП Катарина го посвети токму на својот свршеник Марко.

Поврзани теми

To top