Мегафон
тажна вест

Актерката и поранешна градоначалничка на oпштина Кисела Водa, Билјана Беличанец пронајдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на oпштина Кисела Водa, Билјана Беличанец пронајдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, потврдиуваат од МВР.

-Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40, објави порталот Сакам да кажам (СДК.мк).

Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Која беше Билјана Беличанец- Алексиќ?

Билјана Беличанец – Алексиќ е поранешен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа беше и театарска, телевизиска и филмска актерка.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Родена е 25 јули 1973 година во Скопје. Сопруга е и мајка на две деца. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец.  Има две деца од првиот брак. Неодамна по втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски, пишува порталот.

ОБРАЗОВАНИЕ
Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

КАРИЕРА
По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
На локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа беше избрана за нов градоначалник на општина Кисела Вода каде беше до 2017 година.

Извор:ПромоторВистина