Речиси целата порно индустрија заедно заробена во хотел, со литри алкохол, килограми дрога и коцкари полни со долари заработени од казината во Лас Вегас.
Вака некако може да се опише атмосферата на и околу доделувањето на “Порно оскарите”, настанот на кој присуствуваат порно глумици и глумци номинирани за АВН наградите. Vice.com ја пренесува атмосферата од она што се случува зад сцената со порно глумците.
Порно оскарите е нешто повеќе од само настан каде постојат голем број на категории, а најдобрите ја добиваат АВН наградата.
Глумците велат дека во текот на целата година работат на себе, ги усовршуваат своите техники и работат на тоа да бидат најдобри во нивните категории.
Всушност, она што се случува за време на овие награди е тотално лудило, забава за каква што не можете ни да замислете.
Тие се одржуваат во Лас Вегас, а луѓето се забавуваат во нивните хотелски соби, казината и баровите на Хард Рок хотелот.
Па, доколку ја замислете цела порно индустрија заедно во хотел, тогаш на тоа лудило додадете ги алкохолот, дрогата и парите заработени од казино расфрлани на креветите од хотелските соби.
Четири дена полни со блуд, разврат, секс, оргии, пијанчење и предозираност и… Потоа 2/3 од нив лежат „болни“ в кревет целата наредна недела.