Ријалити и Инсатграм ѕвездата Кајли Џенер лансираше нова линија за нега на кожата.
Најмногу внимание привлече пилингот за лице кој многу влијателни влогери остро го критикуваа, бидејќи Кајли го препорачува за секој ден, а неговата формула содржи доста супстанци кои можат да го нарушат квалитетот на кожата. Кајли Џенер објави видео од дневниот ритуал и начин на кој го чисти лицето.
Имено, во краткото видео Кајли нанесува пена за чистење лице, се измива, а потоа со крпа го брише лицето. Фановите забележаа дека на крпата останаа големи траги од пудра поради која ја нарекоа лажливка.
-јасно е како ден дека продава производи кои не знае да ги користи. Ако веќе сака да ги лаже луѓето, нека го прави тоа како што треба, пишува една корисничка на Твитер.
Еве го спорното видео:
morning and night ? pic.twitter.com/y5jibIxnfM
— Kylie Skin (@kylieskin) May 29, 2019