Славниот актер ги шокираше своите фанови со селфито кое го сподели на Инстаграм.
“Изолација, а ова е само шеста недела”, се пошегувал поранешниот Џејмс Бонд со фотографија која ја споделил со своите 1,3 милиони следбеници на Инстаграм.
Некои од нив веднаш се пошегувале дека повторно се припрема за улогата на Робинзон Крусо која ја толкуваше во 1997 година. Други забележале дека личи на ликот во последниот филм за Џејмс Бонд во кој го глумеше тајниот агент 007, “Die Another Day”, во кој беше затвореник во Северна Кореја.
Не е познато кога настанала ваквата фотографија бидејќи 66-годишниот актер вчера споделил снимка од својот дом на која не изгледа вака.
View this post on Instagram
Минатата недела Пирс ѝ посветил објава на сопругата Кили Шеј Смит по повод нивната годишнина. Парот се запознал во 1994 година, а во брак се од 2001 година.
View this post on Instagram
Броснан пред новинарката беше во брак со актерката Касандра Харис, која почина од рак во 1991 година. Таа беше девојка на Бонд во филмот “For Your Eyes Only” од 1981 година во кој Бонд го глумеше Роџер Мур.
Пирс е татко на тројца синови, 19-годишниот Париз и 23-годишниот Дилан кои ги има со сегашната сопруга и 36-годишниот Шон кој го има од бракот со Касандра. Освен тоа, тој ги посвоил и Шарлот и Кристофер, двете деца од првиот брак на Касандра.