Аки Рахимовски пред неколку дена преживеа мал мозочен удар, а сега е отпуштен од болница и е на домашно лекување. Аки за хрватските медиуми проговори за својата здравствена состојба.
-Добро сум. Верувам дека се ќе биде добро. Дома сум. Знам дека сите се преплашија кога слушнаа што се случило. Сега морам да одмарам и да слушам што ќе ми кажат лекарите, вели 62 годишниот Аки за Јутарни.хр.
Веста за состојбата на Аки ја пренесоа многу медиуми од регионот, а бројните обожаватели на пејачот му посакаа брзо закрепнување.