Мегафон Концертите откажани

Аки Рахимовски доживеал мозочен удар – еве каква му е состојбата

Аки Рахимовски доживеал мозочен удар – еве каква му е состојбата

Како што информираат на официјалните Instagram и Facebook профили на хрватскиот бенд „Парни Ваљак“, пејачот Аки Рахимовски доживеал мозочен удар и сите концерти на популарниот бенд се откажани.

„Драги наши, за жал, принудени сме да ги откажеме сите концерти до понатамошно известување. Аки Рахимовски има помал мозочен удар и иако сега се чувствува подобро, тој треба да мирува и да се фокусира на опоравување некое време. Ние сме многу сериозни во врска со нашата работа и нерадо ги разочаруваме илјадниците од вас кои се радуваат на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место. Ви благодариме на разбирањето и ве повикуваме на нашиот Аки да му испратите љубов и позитивна енергија да се врати посилен“ стои во официјалното известување на групата „Парни Ваљак“ на Facebook.

To top