Радио Милева
хумани келнерки

Ајнцер в рака наместо микрофон: Кога естрадата те служи, бакшишот сам ти излегува од џебот! (ФОТО)

Ајнцер в рака наместо микрофон: Кога естрадата те служи, бакшишот сам ти излегува од џебот! (ФОТО)

Македонските пејачки најчесто може да ги видиме со микрофонот во рака и на сцена како ги забавуваат своите фанови.

Овојпат  Елена Ристеска и Дани Димитровска заедно со актерката и водителка Весна Бејби Петрушевска се најдоа во кафуле, но во сосема друга улога.

Наместо микрофонот во рака, тие се фатија за ајнцерот за да ги служат гостите. Ако помисливте дека ја смениле професијата, се лажете. Елена, Дани и Весна беа во улога на келнерки со хумана цел.

Имено, пејачките и актерката сношти служеа во еден познат ресторан, а 20% од приходите ќе се донираат за лица со посебни потреби.

Меѓутоа, освен приходите познатите личности требаше да заработат и бакшиш, кој исто така ќе биде дониран за децата.

Покрај, Елена, Дани и Весна како хуманитарци се најдоа и Билјана Петровска, Горан Наумовски од „Ар ен си бенд“, водителката Анкица Стојановска како и Лена и Бојан Моротови.

Секоја чест за македонските јавни личности, а на овој пример треба да учат и други и секогаш да им излезат во пресрет на оние на кои им е тоа најпотребно.

Дали навистина, кога естрадата те служи, бакшишот сам ти излегува од џебот – ќе покаже завршната сметка на крајот на вечерта!

Фото:принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева