Радио Милева

Ајас и Ојку од „Сезона на црешите“ проговорија за приватноста: „Подготвени сме за венчавка“

Ајас и Ојку од „Сезона на црешите“ проговорија за приватноста: „Подготвени сме за венчавка“

Озге Гурел, турската актерка попозната како Ојку од серијата „Сезона на црешите“, присуствуваше на едно модно случување во Истанбул каде даде интервју за тамошните новинари на кои им откри интересни детали од приватноста. Актерката е во неколкугодишна врска со актерот и модел Серкан Чајоглу кој сега го гледаме во улогата на Ајас.

-Бидејќи сме повеќе години заедно, не е проблем да одлучиме да ја официјализираме врската. Подготвени сме за такво нешто, но церемонијата за венчавка одзема доста време. Моментално нема да се замараме околу тоа. Се сакаме, среќни сме, веќе подолго време сакаме да се венчаме, само тој потпис остана, изјави убавата Озге.

Таа исто така признава дека обожава да патува со својот сакан.


-Константно имаме планови за патување. Често одиме некаде на неколку дена, а виде да не знаете. Моментално планираме да одиме на Бали, сакаме егзотични места, откри актерката.

To top