Мегафон

„Ај Кју“ на 8-ми мај во Лисабон ќе настапат под реден број 11

„Ај Кју“ на 8-ми мај во Лисабон ќе настапат под реден број 11

Според жрепката во јануари годинава, Македонија беше извлечена последна со што си обезбеди место во втората половина од првата полуфинална вечер, а денешната вест ни доаѓа како дежаву. Имено, исто како и Елена Ристеска во 2006, Влатко Илиевски во 2011 и Тијана Дапчевиќ во 2014 година, „Ај кју“ на 8 мај ќе настапат под реден број 11. Пред нив, под реден број 10 ќе настапат бугарските претставници „Еквинокс“ а дванаесетта ќе настапи за Хрватска, Франка. Во истата вечер се натпреварува и  Албанија за која пее Еуген Бушпепа, кој ќе настапи под реден број 3, додека Грција која ќе ја претстави Јана Терзи својата изведба ќе ја имаат како четиринаесетти.

За нас ова е 18. учество на популарниот фестивал, а дали „Ај кју“ ќе бидат деветтите претставници што ќе се пласираат во финалето останува да видиме на 8 мај. Тие ќе ги бранат боите на нашата земја со темата „Lost & Found# чиј автор е лидерот на бендот Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров. На сцената во Лисабон бендот ќе настапи со Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска како придружни вокали, а на кореографијата работи Јана Андрејевиќ – Лазарева.

Редоследот за големото финале на 12 мај ќе биде одреден веднаш после втората полуфинална вечер, откако ќе бидат познати сите 26 финалисти, а целосниот список со настапи за 8 и 10 мај ве очекува во продолжение.

Прва полуфинална вечер, 8 мај

1. Азербејџан
2. Исланд
3. Албанија
4. Белгија
5. Чешка
6. Литванија
7. Израел
8. Белорусија
9. Естонија
10. Бугарија
11. МАКЕДОНИЈА
12. Хрватска
13. Австрија
14. Грција
15. Финска
16. Ерменија
17. Швајцарија
18. Ирска
19. Кипар

Втора полуфинална вечер, 10 мај

1. Норвешка
2. Романија
3. Србија
4. Сан Марино
5. Данска
6. Русија
7. Молдавија
8. Холандија
9. Австралија
10. Грузија
11. Полска
12. Малта
13. Унгарија
14. Летонија
15. Шведска
16. Црна Гора
17. Словенија
18. Украина
Извор и фотографија: Eurovision.tv
To top