Мегафон

„Ех таа серенада“ – вечер на серенади во Битола

„Ех таа серенада“ – вечер на серенади во Битола

Културниот и информативен центар – Битола на 2-ри септември (петок) организира вечер на серенади. На концертот „Ех,таа серенада“, публиката ќе се потсети на најубавите серенади исполнети од реномирани изведувачи.

На концертот по две серенади ќе отпеаат: Ирена Димовска, Димитар Андоновски, Билјана Дамјановска – Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Марија Митровска, Бојан Стојков и група „Боеми“.

Концертот е со почеток во 20 часот, ќе се одржи на платото на Офицерскиот дом а влезот е слободен.

 

To top