Во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров насловен „Без лимит“ гостинка беше познатата трендсетерка Агнеса Органџиева. Таа на македонската јавност и стана позната по разводот од нејзиниот поранешен сопруг, екс директорот на АЕК – Роберт Ордановски, а нивното разидување буквално наликуваше на познатите латиноамерикански сапуница, или сега турските серии, со низа заплети и расплети, обвинувања, јавни препукување, објавувања интимни СМС пораки, вибер и месинџер преписки, изјави за медиумите… Едноставно имаше се’ и се’што пред двојката конечно да се разиде – секој на своја страна.
Aгнеса учествуваше во викенд изданието на подкастот на Стефан Лазаров, кој заедно со Зоки Фаци во навидум неврзан муабет ја бомбардираа со прашања од приватниот живот.
Во опуштен амбиент со „даска мезе“, бело вино, цигари и нејзиното необично домашно милениче кое го пушти да шета по масата, змија од видот кралски питон. Русокосата раскажувае многу работи, откривајќи сегменти за себе од нејзината непозната приватност, но и даваше свое мислење и коментари на разни животни ситуации и состојби. Бракот и брачниот живот, хемијата, љубовта, сексот, рецепт за долг и успешен брак, причините за развод, женско-машките односи воопшто…
Но, Агнеса Органџиева меѓудругото не е само скандал дама, туку таа важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде нејзиниот профил има повеќе од 50.000 следбеници на оваа социјална мрежа. На професионален план таа е дипломиран правник, додека приватно во моментот е „жена без обврски“, но и мајка на две ќерки – поголемата Вивиен и помалата Тифани.
Таа во интервјуто од речиси два и пол часа зборуваше за убавите, но и тешките моменти од нејзиниот приватен живот.
Токму во нејзиното гостување во подкастот на Лазаров, Агнеса доби прашање што мисли за неверството, дали некогаш била изневерена и дали оправдува машко неверство, а нејзиниот одговор беше:
„Јас оправдувам се’… Никој никому нема право да суди во животот, освен Господ. А дали би простила неверство… Зависи за што!? За се мора да има причина или од едната или од другата страна. Кога ќе ти кликне овде… Ма, се’ е хемија, знаеш“!
„Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори:
„Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубавата и најпосакувана жена, Адријана Лима беше изневерена, така што… мажи“!
Впрочем, ако не сте го гледале, целото интервју во вид на неврзан „вински мезе муабет“ можете да го проследите ово видото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):