Во српските медиуми осамна веста дека притворот за раперот Стефан Ѓуриќ – Раста е продолжен за 30 дена, откако тој помина цел месец зад решетки.
– По истекот на овие 30 дена, тие можат да му го продолжат притворот, но очекувам дека ќе напредуваме во постапката во текот на овој месец и дека тој ќе биде ослободен – изјави адвокатот на Раста за „Информер“.
Покрај тоа, тој откри како се чувствува Ѓуриќ во притвор, и како го поминува времето.
– Стефан се чувствува добро, не е дискриминиран таму, но нема ни одговорност. Стефан практикува и прави сè што прават другите во притвор. Тој не може да консумира наркотични средства.
Адвокатот на Раста стави крај и на шпекулациите во медиумите дали поранешната сопруга на раперот Ана Николиќ доаѓа во посета во затвор или не.
– Ана не дојде во Централниот затвор. Стефан има дете како смисла на животот и секако не сака неговата ќерка да види каде е. Имаше две посети месечно. Неговите родители го посетија – откри адвокатот.