Радио Милева
повторно во форма

Адријана Лима беше жестоко критикувана за својот изглед и корекции, а сега го покажа своето лице без шминка (фото)

Адријана Лима беше жестоко критикувана за својот изглед и корекции, а сега го покажа своето лице без шминка (фото)

Адријана Лима со месеци беше на удар поради вишокот килограми по породувањето, а многумина коментираа дека ја уништила својата природна убавина со филери. Сега поранешната српска снаа реши да се врати во таа форма, откако донесе одлука конечно да му се врати на манекенството.

Таа неодамна откри дека повторно се приклучила на модната куќа „Викторија Сикрет“ и ја покажа новата кампања на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

За потценување е да се каже дека Лима  едноставно само воодушевила со изгледот. Долгата раскошна, брановидната коса, неутралната шминка… направија Адриана повторно да блесне со стариот сјај.

Инаку, бидејќи се работи за кампања за парфемите „Heavenly Fragrance“, таа неодамна на промоцијата се појави во фантастичен костум во кој изгледаше како милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Фотографите ја фотографирале неколку дена претходно, кога излегувала од теретана и изгледала подеднакво фантастично. Промените се повеќе од очигледни, а моделот полека но сигурно се враќа во форма.

Исто така, неодамна таа ги воодушеви сите кога на Инстаграм покажа како изгледа без трошка шминка.

Инаку, Адријана со месеци трпеше грозоморни навреди за своето тело само затоа што не ослабе брзо како другите холивудски убавици. Ја критикуваа и поради козметичките корекции кои најмногу се гледаа на нејзиното лице.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева