Радио Милева Божји благослов...

Адријана Кеш доби „праисториски“ комплимент: Од диносаурус до високооктанска убавица! (ФОТО)

Адријана Кеш доби „праисториски“ комплимент: Од диносаурус до високооктанска убавица! (ФОТО)

Фолк пејачката Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, освен ако нема нешто важно да соопшти, каже или покаже.

Физичкиот изглед на пејачката најчесто е во фокусот на вниманието, особено кога е „цакум – пакум“ дотерана  пред или за време на настапите од кои ги споделува селфи фотографиите. Иако не е баш и во тинајџерски години, Адријана е во оние најубавите за една зрела жена, па затоа нејзината убавина веднаш излегува на виделина.  сексапил и Модерниот моден стил кој го негува, г-ца Кеш ја прави неподносливо привлечна, пожелна, неодолива… Секси во секој поглед, особено ако ја погледнете на вистинското место.

 

А кога погледите ќе ви се судрат, атрактивната фолкерка има моќ толку да ве маѓепса, што никако не ќе можете да останете рамнодушен. Ако сте од оние послободните или порасположените, многу веројатно е дека на некој од настапите ќе и пријдете да побарате песна и оставите бакшиш. Ако сте малку похрбар, можеби гласно ќе  упатите или барем на увце ќе и шепнете некој комплимент кој ќе и го разубави дадениот момент на пејачката, а таа вам вечерта, со тоа што ќе ви ја исполни желбата… Онаа – музичката, се  разбира!

Арно ама, ако сте малку посрамежлив и поповлечен, а во себе имате неодолива потреба и горите од желба да и поделите комплимент, ама никако не можете да се одлучите кога, каде, како во кој момент, тука се социјалните мрежи. Токму еден таков таен обожавател, срам – не срам,  решил тоа да го направи преку Инстаграм. Па човекот седнал и на пејачката и напишал порака, онака од прва рака… Имагинацијата нема граници особено кога се во прашање комплиментите за вакви убавици какви што е Адријана Ацевска. Но, после она што  го објавил тајниот обожавател од утре слободно  може да и го смените прекарот од Адријана Кеш во Адријана Т-Rех… Или евентуално, Адријана – Shell !?

Зашто незнаениот џентлмен во сета таа еуфорија и бура и поделил комплимент уште од праисторија, од „Паркот Јура“, па се до раѓањето во болница на „високооктанската“ убавица!  Можеби на прва сето ова изгледа чудно и неспоиво, но ако целосно ја прочитата негова необична објава, ќе сфатите од каде тргнал „кафеанскиот клиент“ за да дојде до ваквиот комплимент! „Писателот“ тргнал од создавателот, оти…  се’ е Божја волја, па и ваков наслов не оди без Божји благослов!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska

 

To top