ТВ водителката, пејачка и претседателка на „Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни на Македонија“, Адријана Алачки, имаше доста возбудливи денови исполнети со многу држба, забава и возбудливи моменти на четвртиот гастрономски интернационален натпревар „Гастро Мак“ кој се одржа во Охрид.
Возбудата за Адријана беше на ниво, бидејќи освен гостите од странство, Алачки имаше и специјалана гостинка дојдена од Германија.
Станува збор за нејзината постара сестра Гордана, која дојде да биде задно со Ардијана и да се гордее со нејзината работа и успеси.
Алачки е редовен корисник на социјалните мрежи каде ги покажува саканите од смејеството, а овој пат позираше заедно со дада Гоца која за првпат ја покажа пред јавноста.
Вечер пресс пишува дека Гордана живее и работи во Германија, а нејзината посета се должеше на настанот каде нејзината помлада сестра ја има челната улога која со години ја исполнува на завидно ниво.