Адријан Гаџа, македонскиот пејач со албанско потекло деновиве на локацијата на новотворениот мол на отворено „Point Retai Park“ во населбата Скопје – Север отвори луксузен ресторан на површина од 300 м2.
Кујна од отворен тип, различни амбиенти и интимни катчиња за седење и кафе дружба, се само некои од сегментите на ултралуксузниот локал уреден по најсовремените и најмодерни светски стандарди.
Таков ќе биде и изборот на гастрономската понуда, која ветува многу разновидни специјалитети, пици, пасти, тестенини, бургери… па се до готвени специјалитети, повеќе врсти на салати и секако, десерти!
„Решивме со моето семејство да отвориме ресторан во кој ќе има вкусна храна, пријатна атмосфера и супер услуга. Пред неколку дена беше отварањето и си поминавме супер. Јас и покрај ова ќе си продолжам да си работам на мојата кариера, веќе имам подготвено неколку песни и само чекам вистинско време да бидат пуштени во етер“ – изјави Гаџа, кој при изборот за тоа како да се вика ресторанот, Гаџа го одбра „старото“ име „Ча – Ча“.
Имено, малкумина знаат дека семејството на пејачот и претходно се занимаваше со угостителство, па „Ча – Ча“ беше името на едно од култните кафулиња во Старата скопска чаршија, кога чаршијата кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години беше нај „ин“ место за излегување во Скопје.
Кафулето „Ча – Ча“ беше место каде се собираше голем дел од скопскиот крем, а него го водеше и менаџираше токму вујкото на Адријан Гаџа, Кујтим. Подоцна тој и пејачот го држеа и кафулето „Корнер“ во центарот на Скопје, карши Соборниот храм, кое за жал, брзо згасна.
Дали од носталгија по старите добри времиња, кога бизнисот, добрата дружба и уште подобрата забава до рано наутро во Скопје одеа рака под рака, или заради зачувување и продолжување на некаква семејна традиција, Адријан Гаџа и семејството на новиот ресторан му го дадоа старото име – „Ча – Ча“!