Радио Милева

Адреналинот пуштен на најјако: Марија од „Ај кју“ ужива во зимски авантури (фото)

Адреналинот пуштен на најјако: Марија од „Ај кју“ ужива во зимски авантури (фото)

Во текот на летниот период на социјалните мрежи, македонските и регионалните јавни личности редовно ни сервираат фотографии од плажа, море, од некое летно патување, но и објави каде се разголени и со истакнати атрибути.

Додека пак во зимскиот период, бикините и плажата, јавните личности ги заменуваат со скии и некој ски центар или пак планина.

Најчесто за своја локација ја бираат Бугарија, или пак нашето Маврово и Попова Шапка каде што уживаат во зимските лудории.

По Миа Костова, Ирена Спировска, Каролина Гочева, во зимските денови ужива и Марија од „Ај кју“.  По, Маврово, Марија за овојпат за своја локација ја одбра Вал д’Изер, во југоисточниот дел на Франција.

фото: Принтскрин/инстаграм/маријаајкју

Имено, пејачката на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа како ужива во зимските денови и снегот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/

Облечена во зимска опрема и под скиите на нозе, Марија го пушти „адреналинот“ на најјако.

фото: Принтскрин/инстаграм/маријаајкју

Во една од фотографиите, Марија напиша дека изгледа како „нинџа во планина“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Веруваме дека Марија ги наполнила батериите и дека покрај ладното време и снегот максимално се впуштила во зимските авантури.

Поврзани теми

To top