Радио Милева

Адреналинот на највисоко ниво: Мики Црнокрак среде февруари ужива во зимските лудории (видео)

Адреналинот на највисоко ниво: Мики Црнокрак среде февруари ужива во зимските лудории (видео)

Календарски се уште зима и надвор еден ден владеат зимски температури, а еден ден наликува на пролет.

Меѓутоа, сезоната за скијање веќе одамна е отворена, па многу од јавните личности ги подготвија скиите и заминаа во некој ски центар за да уживаат на снегот.

Некои го направија тоа веднаш по новогодишните празници, а некои сега се одлучија да заминат на зимско уживање.

Банско, Боровец, Копаоник, Шапка… семејството Црнокрак секоја зима е на терените. Имено, кон средината месец декември Мики Црнокрак заедно со неговата сопруга Светле и двете ќерки уживаа во зимската идила на Копаоник, Србија.

фото: Принтскрин/инстаграм/микцрнокрак

Меѓутоа, деновиве Мики надвор од обврските и секојдневните активности повторно се впушти во зимска авантура.

Тој повторно се качи на скии, а моментот додека скијаше го објави на својот „Инстаграм“ профил.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Ајмо“ вели во видеото и ја сними прекрасната зимска идила.

фото: Принтскрин/инстаграм

Инаку, Мики сака авантури и обожава да скија, па така неодамна кога беше на зимување на Копаоник освен преку ден тој скиаше и навачер со уникатен спуст на месечината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Crnokrak (@miki.crnokrak) on

To top