Радио Милева волшебен сексапил

Аделина Тахири во мини бикини ја отвори летната сезона: Каде и да ја погледнеш – „ерогена зона“ (ФОТО)

Аделина Тахири во мини бикини ја отвори летната сезона: Каде и да ја погледнеш – „ерогена зона“ (ФОТО)

Летото е на прагот иако според временските прилики јуни баш и нешто не се покаѓа досега… Не барем кај нас. Сонце добиваме  само „на лажиче“, а јакните уште никако да спакуваме… Арно ама, не ќе да е за сите баш така.

Ако имаш доволно слободно време и доволно длабок џеб, не е проблем лето да ти биде секој ден… Или барем тогаш, кога ќе посакаш!

А македонската пејачка од албанско потекло Аделина Тахири посака,па одлета на море… Во едно од најпознатите турски одморалишта Бодрум на јунска тура, па се јави од плажа споделувајќи низа фотографии на својот Инстаграм.

На нив Аделина да ти е милина да ја гледаш… Таа во мини бикини,  полна мераци на песочната плажа, нејзините следбеници исто така саде мераци… на Инстаграм. Додека синооката убавица ги полни батериите под жешкото сонце на песокот или крај базенот, нејзините обожаватели „полнат очи“ со нејзините најнови фотографии разубавувајќи си го денот!

Привлечна, пожелна, секси, раскошната Аделина одново го распосла својот телесен раскош… Во розови, со леопардов принт или украсени со камчиња бикини, сите уживаа во летните убавини… Пејачката во летото и неговата магија на турските плажи, а оние, вистинските мажи, во волшебниот сексапил и неизмерната убавина на расната Аделина!

Како и да е, пејачката ја отвори летната сезона… Каде и да ја погледнеш – „ерогена зона“!

Фото: Инстаграм принтскрин/adelina_tahiri1

To top