Радио Милева
безмалку опсесија?

Адел во својот дом чува плукната мастика од оваа славна пејачка и тоа врамена во слика! (ВИДЕО)

Адел во својот дом чува плукната мастика од оваа славна пејачка и тоа врамена во слика! (ВИДЕО)

Адел толку ја сака Селин Дион, што поседува парче нејзина искористена гума за џвакање што ја чува врамена на ѕид, пренесува „Indeks.hr“

Во текот на интервјуто за Vogue со 73 прашања објавено на „Youtube“, 33 годишната пејачка призна дека највредно нешто што поседува е токму таа врамена слика со гума за џвакање.

„Џејмс Корден, кој ми е пријател, а ја прави емисијата Карпул Караоке, знаеше колку ја обожавам Селин. Кога му беше гостинка во емисијата, ја натерал да ја плукне изџваканата гума за џвакање во парче хартија и ми ја врами. И тоа е највредното нешто што го поседувам“ – изјави Адел смеејќи се.

Подоцна кажа дека и песната на Селин Дион, „Мy Heart Will Go On“ е песна која ја има израдувано најмногу во животот.

Во 2018, Адел го посети концертот на Селин Дион во Лас Вегас, откако Дион закрепнувала од тежок грип со кој се бореше со месеци.

„Не можев да ги одржам сите концерти, но бев воодушевена што Адел дојде на еден од нив… Толку ја сакам“ – напиша Селин на нивната заедничка фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Адел позира со Селин со маица со нејзиниот лик и изјави „Каква кралица! Каков настап, апсолутен врв во мојот живот. Фала на вниманието што им го пружаш на своите фанови со твојот луд хумор“.

Останати вести од Радио Милева